| четврток, 6 декември 2018 |

Атланта победува и без Хорфорд

Атланта хоукс победува и без најдобриот кошаркар Ал Хорфорд, а Хоукс се навикнаа да играат „трилер“ мечеви со возбудлива завршница. Откако наредија 3 натпревари во продолженија, синоќа со еден поен разлика го победија Бостонс селтикс на гости. Џеф Тиг на една минута и 20 секунди до крај погоди две слободни фрлања, што се покажаа како клучни за нов 18 триумф за Хоукс.

Перо Антиќ одигра 22,5 минути и постигна 5 поени, а имаше и ист број на скокови. Пол Милсап беше незадржлив со 34 поени и 15 скока, па тој беше најзаслужен за големиот пресврт што го приредија гостоте од Атланта. Хоукс губеа со 18 разлика, но сепак победија, вторпат во 3 натпревари без Хорфорд.

Кај Бостон Кели Олиник постигна 21 поен, најмногу во својата дебитантска сезона во НБА.

Останати резултати: Индијана – Кливленд 91-76, Орландо – Голден стејт 81-94, Сан Антонио – Бруклин 113-92, Хјустон – Сакраменто 106-110, Оклахома – Портланд 94-98, Чикаго – Торонто 79-85, Лос Анџелес лејкерс – Милвоки 79-94.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top