На надворешен план би рекол имавме многу предизвици. Го добивме петтиот по ред позитивен извештај од ЕУ кој ни ја овозможи и петтата по ред препорака за почеток на преговорите за полноправно членство, вели претседателот на македонската Влада, Никола Груевски во новогодишното обраќање.
-Сепак, и овој пат на Македонија не и беше дадено заслуженото од причина што ЕС неможе да обезбеди консензус од сите земји членки, за што главна причина е барањето за промена на уставното име на земјата, и името на македонскиот јазик и нација, од една земја членка, која своето членство го користи и недозволува придвижување на Македонија ниту во НАТО ниту во ЕУ. Имајки во обзир дека нашиот јужен сосед се соочува и со тешка финаска криза, која може да го доведе во прашање и кредибилитетот на еврото како заедничка валута на поголемиот дел од земјите членки, напорите на сите поважни земји членки во моментот се фокусирани на тоа прашање, и повеќе од очигледно е дека барем засега немаат намера да вршат притисок на нашиот јужен сосед по било кое друго прашање освен финасиските, а без таков притисок шансите за решение се минорни. Од тука, Македонија ќе продолжи со сите напори за спроведување на своите внатрешни реформи кои ќе ја зголемуваат нашата сила и кредибилитет, и истовремено ќе продолжи со максимални обиди за изнаоѓање решение за спорот кој го наметна нашиот јужен сосед, но без нереални очекувања или паѓања во колективни депресии по прашањето што кажал овој или оној за нашето име, јазик или нација, или разните притисоци преку разни извештаи за Македонија или внатрешнополитички предизвици, кои треба да не деморализираат, рече Груевски.
Тој пред јавноста вели дека владата нема да застане, туку ќе работи, ќе се однесува европски, и вели “ние сме и ќе останеме спремни за да и се придружиме на ЕУ и на НАТО тогаш кога и тие ќе бидат спремни да не прифатат тие што сме, и тоа што сме“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!