Катарина Милјорини од Бразил, која веќе 15 месеци ја продава својата невиност на интернет, сега ја разгледува понудата на еден арапски богаташ.
Богатиот Арап и понудил еден и пол милион долари, но покрај сексот сака и брак.
– Згоден е, интелигентен и многу романтичен. Живее во прекрасна вила која ми ја покажа на веб камера, изјавила студентката.
Богатиот човек, чие име не го открива Катарина, се нарекува себеси „напреден муслиман” , но вели дека не му се допаѓа фактот дека млада жена јавно ја продава невиноста.
-Ми предложи да се сретнеме на Малта. Тој би го платил патувањето на кое ќе го земам и своето семејство. Не знам дали сакам да се омажам, бидејќи бракот претставува многу повеќе од пари. Тој вклучува и чувства. Ако помеѓу нас се роди хемија, нема да се двоумам да му кажам „да”, изјавила Катарина.
Дали ќе ја прифати или одбие понудата, останува да видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


