| четврток, 6 декември 2018 |

Утринава фрлени 50 тони сол во Скопје

Екипите на зимската служба на јавното претпријатие “Улици и патишта” утрово излегоа со 6 возила на градските сообраќајници и фрлија 50 тони индустриска  сол, со цел да се спречи појавата на голомразица.

Како што информираат од претпријатието, екипи интервенирале на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

 

Екипите на градската зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот.sneg

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top