| четврток, 6 декември 2018 |

Украина одбива да ја плати сметката за гас од 7 милијарди долари

Gazprom

Руски Гаспром на украинската Влада и достави сметка од седум милијарди долари. Украинската Влада одби да ја плати сметката за некористен гас порачан минатата година.

Министерот за енергетика Едуард Ставитскиизјави дека нема основа Украина да плати толкава сума која е речиси четири отсто од БДП.

– Одговоривме дека не сметаме дека треба да платиме сметка од седум милијарди долари, бидејќи нема причина за такво нешто, изјави Ставитски.

Украина соопшти дека искористила 27 милијарди метри кубни гас во 2012 година, но со договорот било предвидено да плати 52 милијарди метри кубни. Газпром минатиот месец ја достави сметката во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top