| четврток, 6 декември 2018 |

„Израдувај дете на улица“ е новата акција на „Лице в лице“

Сите желби на децата кои Дневен центар за деца на улица-Шуто Оризари ни ги пренесе нам, на „Лице в лице“ се испишани и си го најдоа патот до граѓаните кои им ги исполнија. За неполни две недели, акцијата која ја спроведовме преку повик до граѓаните на фејсбук, успеа да стигне до голем број луѓе кои се вклучија, помогнаа и изразија желба и понатаму да се дружат со овие деца.

Над 70 деца кои се згрижени во Центарот добија свое новогодишно пријателче, граѓанин кој беше нивниот Дедо Мраз. Дел од граѓаните се дружеа со нив во самиот Дневен центар, а дел пак, одеа на заеднички појадок, посета на игротека.

Акцијата стартуваше на почетокот на декември, а активно ја поддржаа волонтери од „Млади за љубов“.

Со оглед на тоа што организацијата во најголем дел се одвива преку фејсбук, инбоксот уште на почетокот почна да се полни, а откако се вклучија повеќе луѓе, и секако, вниманието кое го добивме и од „блогерската“ и „твитер“ заедницата, многу бргу го „затворивме списокот“.

1459693_555411334545317_485969441_n

Кога одблиску ќе ги запознаете овие деца, кога ќе го почувствувате контекстот во кој што живеат и тешките проблеми со кои се соочуваат не по нивна вина, ви се менува целата перцепција за оваа група. Нашиот влог како граѓани во ваквите акции е минимален, а за нив е од огромно значење зашто некој се обидел да ги разбере, им покажал дека верува во нив. Нè радува што граѓаните имаат желба да се дружат со овие деца и во текот на целата година. Почестите средби и мотивирањето ќе влијаат на нивната самодоверба и на создавањето подобра слика за себеси. Ние како „Лице в лице“ веруваме дека оттука почнуваат промените.

1467367_555411421211975_1603617666_n

Многу радост, насмевки, позитивна енергија за која сведочат фотографиите и видеата од дружбите, но и поттикнувачките изјави кои ги добивме од граѓаните кои се вклучуваат.

1461851_555411341211983_184848118_n

1472950_555411404545310_1927142118_n

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top