| четврток, 6 декември 2018 |

Турска компанија ќе одгледува праски во Росоман и ќе вработи 600 работника

praski

Турска компанија е заинтересирана за одгледување праски во Росоман и најави 600 вработувања, најави градоначалникот на оваа општина, Стојан Лазов.

– Бизнисмен од Турција е сериозно заинтересиран да инвестира во најголемиот регион за производство на праски во Македонија. Пред сѐ, покажа интерес за купување и рестартирање на огромниот производствен капацитет за преработка на зеленчук и овошје кој не работи со години, а е на излезот од Росоман кон Кавадарци. Овде би се вработиле околу 600 работници – изјави Лазов.

Во меѓувреме, како што рече, наш инвеститор веќе гради капацитет во росоманското село Паликура, каде што би нашле работа околу 60 работници.

Градоначалникот Лазов додаде дека преговараат за поволностите што општина Росоман може да му ги овозможи на инвеститорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top