Tројца новинари на катарската телевизија Ал Џазира кои работат во Каиро меѓу кои и уредникот на телевизијата, Мохамед Фадел Фахми се уапсени заради „незаконски средби со забранетото движење Муслимански браќа и дека се обвинети за „нарушување на националната безбедност“. Запленети им се камерата и снимениот материјал.
Муслиманските браќа, движење кое го поддржува соборениот претседател Мохамед Морси, минатата недела беа прогласени за терористичка организација. Привремената влада, од соборувањето на Морси во јули, уапси илјадници членови и лидери на Муслиманските браќа. Неколку исламски телевизиски станици веднаш беа забранети по воената интервенција во јули,а новинарите кои работеа во нив беа притворени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.