| четврток, 6 декември 2018 |

Симон Аман победи во Оберстдорф

Швајцарецот Симон Аман е победник на првата скокалница во Оберстдорф, на премиерата од 62-то издание на Новогодишната турнеа. Аман кој беше шампион во 2009 година немаше најдолги скокови во двете серии, но со стилот собра најмкногу поени и заврѓи на врвот пред Норвежанецот Андерс Бардал и дуото Петер Превц од Словенија и Томас Дитхарт од Австрија.

Аман во првата серија слета на границата од 139 метри, а во вториот скок оствари должина од 133 метри и со вкупно 301,9 бодови славеше во Оберстдорф.

Во првата серија подолго од него за половина метар леташе Превц, а во продолжението Дитхарт и Моргенштерн доскокна на должина од 134,5 метри.

Новогодишната турнеа продолжува задутре со скокови во Гармишпартенкирхен, а потоа учесниците се селат во Австрија, во Инсбрук и во Бишофсхофен, каде е завршницата на натпреварувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top