| четврток, 6 декември 2018 |

Уморената Атланта поразена од Орландо

По двата одлични натпревара кошаркарите на Атланта загубија кај Орландо со резултат 109-102. Во отсуство на повредениот Ал Хорфорд, нашиот Перо Антиќ повторно доби солидна минутажа и за 20 минути игра постигна пет поени, имаше пет скока и една асистенција. Најефикасен во тимот на Атланта беше Џеф Тиг со 22 поени. Најпрецизен кај Орландо беше Арон Афало со 21 поен, а уште шест играчи имаат двоцифрен број поени. Црногорецот Никола Вучевиќ оствари „дабл-дабл“ 16 поени и 14 скокови.

Хјустон Рокетс беа лесен плен за екипата на Оклахома која славеше со резултат 117-86. Ова беше четврти натпревар во последните пет дена за Хјустон, па причина за поразот слободно може да се каже дека е и заморот. Најдобриот играч на Хјустон Џејмс Харден натпреварот го заврши со 8 поени, додека пак Двајт Хауард успеа да постигне само 9 поени. Кевин Дурент оствари 33 поени 13 скока и пет асистенции. Оклахома победи на 12 од последните 13 меча.

Екипата на Лејкерс и понатаму не делува сериозно за да атакува кон плеј-оф, а за ова доказ е и новиот пораз од Филаделфија 104-111. Со оваа победа Филадефлија ја прекина црната серија од 13 последователни порази на гостински терен. Тадеус Јанг постигна 25 поени, а Спенсер Хавс имаше учинок од 19 коша и осум скока. Ова за Лејкерси беше петтиот пораз во низа, а најистакнат поединец беше Ник Јанг со 26 коша.

РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Голден Стејт 104:108
Орландо – Атланта 109:102
Сан Антонио – Сакраменто 112:104
Оклахома Сити – Хјустон 117:86
Лејкерси – Филаделфија 104:111

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top