Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот Партизански одреди во близина на поликиниката Букурешт.
Во сообраќајката според МВР, учествувале два автомобили, форд фокус и такси возило.
При сударот, според првичните информации, тешко се повредени две лица кои се пренесени во Ургентниот центар. Едниот возач, според последните информации минал со полесни повреди. За другиот се уште нема информации.
Причините за несреќата за сега се непознати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.