Челси го победи Ливерпул со 2-1 во дербито од 19. коло во Премиерлигата и се проби на третата позиција со 40 бода, само два помалку од градскиот ривал Арсенал.
Со по еден погодок, Азар и Ето ја анулираа предноста на Ливерпул, кој поведе во четвртата минута со голот на Шкртел. По ист рецепт Ливерпул ги губи последните две дербија и со Манчестер сити и сега против Челси. И на двата дуели „црвените“ од Енфилд Роуд поведоа во раната фаза, но потоа примија два гола во првото полувреме и загубија со 1-2.
Во последниот денешен меч од 19 рунда, Тотенхем уверливо со 3-0 го победи Стоук. Солдадо од пенал, Дембеле и Ленон беа стрелци за Тотенхем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.