| четврток, 6 декември 2018 |

Наплатете му на докторот ако не се појави на закажан преглед

doktori

– Имаме проблеми на две страни кои ги знаеме уште пред имплементацијата на системот, а тоа е проблем на страната на лекарите и проблем на страната на пациентите. Предвидовме во Законот соодветен надомест да му се исплати на пациентот, кој не ја добил здравствената услуга која му била закажана преку електронскиот систем и секој пациент има право тоа да го бара. Јавно апелирам до сите пациенти секогаш кога неоправдано здравствената услуга нема да им биде дадена, а имале закажан термин да си побараат рефундација на трошоци од здравствената установа, која потоа е должна да побара рефундација на тие трошоци од докторот по чија вина е откажан терминот неоправдано – вели министерот за здравство, Никола Тодоров.

Според него, вториот сегмент – кога пациентите не доаѓаат на закажаниот термин, е исто крупен проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top