| четврток, 6 декември 2018 |

500.000 коверти досега, фискалните се испраќаат до полноќ

fiskalna nagradna igra03 (Custom)

Уште малку време остана до првото извлекување од наградната игра „Фискална на рака, награди без мака“. Ковертите може да се испраќаат до вечерва на полноќ. Граѓаните испратиле околу 500.000 коверти со по 20 фискални сметки.

Првото извлекување ќе биде пренесувано на МРТ, на 30-ти декември во 20 часот. Пликоата за првото коло ќе се примаат до полноќ за да има време Лотарија да се организира за извлекувањето на 30 декември.

Главна награда е стан и дуќан во Скопје, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори,… Извлекувањето ќе биде во девет кола.

Со наградната игра се очекува да се подгне свеста кај граѓаните и да се зајакне фискализацијата.

Приредувач на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ е Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.

Второто извлекување ќе биде на 30 јуни 2014, а третото на 30 декември наредната година.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top