| четврток, 6 декември 2018 |

Меси подготвен да се врати на теренот

Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси во целост се опорави од повредата на мускулот на задната ложа и е подготвен да се врати во Барселона.

– Меси е здрав – ова е насловот кој стоеше на насловните страници во повеќето шпански весници, а оваа вест од Аргентина ја јави лекарот на Барселона. Последниот ултразвук не покажал ништо необично, што значи дека мускулут на аргентинскиот фудбалер целосно заздравел.

Меси во Каталонија би требало да се врати на вториот ден во новата година, а на терените би требало да се врати на 5 јануари или три дена подоцна. На петти јануари Барселона игра против тимот на Елче, а три дена подоцна го игра првиот натпревар од осминафиналето од Купот на кралот против екипата на Гетафе.

Се верува дека Меси ќе добие некоја минута барем во еден  од натпреварите, како би бил спремен за дербито против Атлетико Мадрид на 11 јануар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top