Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска во Ранковце пушти во употреба нов објект на градинката „Детелинка“ сместена во просториите на ООУ „Христија Тодоровски-Карпош“.
Ова е прв објект за згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст во општина Ранковце.
Покрај министерот Спасов, на пуштањето во употреба присуствуваа градоначалникот на општина Ранковце, Момчило Алексовски, градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, и директорката на градинката, Жанета Маџовска.
Еден од приоритетите на Владата на Република Македонија и на Министерството за труд и социјална политика, како што истакна Спасов, е обезбедување современи услови за децата од руралните подрачја, а овој објект е дел од проектот на Министерството за проширување на мрежата јавни детски градинки во земјава, во рамки на кој досега се отворени 14 градинки.
Спасов информира дека објектот е целосно реконстуиран со средства од Министерството за труд и социјална политика, во вредност од околу 2 милиони денари. Набавени се опрема, инвентар, придружен мебел и основен дидактичко-игровен материјал.
– Особено ми е драго што денеска пуштивме објект кој ќе овозможи достапност на услугата за згрижување и воспитување на децата од општина Ранковце, а тоа е само една од формите на којашто активно работевме во изминатиов период за опфат на деца од предучилишна возраст – рече министерот Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И жителите на Ранковце со знамиња за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
-
Над 40 проценти одѕив во Крива Паланка и Ранковце до 13 часот
-
Спасов: Преку „Македонија вработува 2“ отворени 2.960 работни места
-
Спасов: Отворени 21 приватни старски домови со 650 легла и нови 285 работни места