| четврток, 6 декември 2018 |

Плоштадот „Скендер-бег“ ќе биде готов во април

skenderbeg plostad

Плоштадот „Скендер-бег“ ќе биде завршен во 2014 година и ќе се простира до МНТ покривајќи го булеварот „Гоце Делчев“. Иако летово требаше да почнат градежните активности, тоа не се случи бидејќи градежна дозвола сѐ уште не е обезбедена, пишува порталот „Скопје“.
Досега комплетно е завршена првата фаза, изградени се потпорните ѕидови и платото над дуќаните во чаршијата.

„Иако најавивме, сепак, не почнавме со работа бидејќи ги немаме потребните документи. Поднесовме барање навреме, но процедурата за добивање дозвола е многу долга. Очекуваме до крајот на годинава да ја имаме потребната документација и наредната градежна сезона да почнеме со работа. Порано нема да можеме оти условите на терен не се соодветни“, потврдиле од Општина Чаир, која е носител на проектот.

Оттаму е најавено дека изградбата ќе продолжи напролет. Тогаш е предвидено да почне втората фаза која ќе биде и покомпликувана. Таа предвидува продолжување на плоштадот до зградата на Македонската опера и балет, односно ќе се изведува премостување на булеварот, а просторот ќе биде еден вид пешачка зона. Предвидено е да се изгради и подземен паркинг на две нивоа на местото на постојниот и да се уреди плоштадот пред Тетовскиот државен универзитет.

Изведбата на градежните работи и воопшто целиот проект е финансиран од Општина Чаир и со пари од државниот буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top