| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарен календар на „Твитер“ за 2014 година

Со една цел, да се испрати позитивна порака за сексуалното здравје и образование, денеска ќе биде промовиран хуманитарниот календар на „Твитер“ за 2014 година во скопското кафуле „Излет“.

Сакајќи да им се помогне на маргинализираните заедници во општеството, 25 храбри, паметни и убави мажи и жени се разголеа пред објективот на фотографката Ивана Батев.

Истовремено ќе биде одржана и продажна изложба на фотографиите кои се наоѓаат на календарот, a собраните средства ќе бидат наменети за помош на членовите од маргинализираните заедници.

Првото издание на календарот на „Твитер“ се случи лани кога 12 девојки што се активни на „Твитер“ од Македонија заедно со двајца професионални фотографи го креираа календарот за да ја подигнат свеста за ракот на дојката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top