Непознат сторител со нож нападнал постара брачна двојка од Прилеп. Лицето Ќ.Д.(77) од Прилеп половина час по полноќ пријавил во полициската станица во Прилеп дека во петокот околу 21:30 часот непознат сторител тропнал на прозорот од собата, при што Ќ.Д. ја отклучил влезната врата, а сторителот се втурнал во салонот и почнал да ги удира него и сопругата со тупаници во пределот на главата.
Разбојникот извадил нож кој го ставил под грло на сопругата и со истргнување и ги одзел златните обетки од ушите, прашувајќи ја каде се парите.
Ќ.Д. му кажал дека има пари во гаражата, при што разбојникот му го одзел мобилниот телефон и отишол во гаражата од каде одзел 540 денари и побегнал.
Од страна прилепската полиција веднаш се преземени мерки и активности за идентификување и пронаоѓање на сторителот. Утврдено е дека се работи за лицето З.Р.(19) од Прилеп и набргу потоа тој е лоциран и приведен во ПС Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.