| четврток, 6 декември 2018 |

Гром уби осум лица

gromovi
Гром го одзеде животот на осум лица, вклучувајќи и едно дете, откако удри врз адвентистичка црква во главниот град на Малави, Лилонгве, соопшти претставник на Министерството за здравство, цитиран од француските медиуми.
Верниците биле собрани за молитва кога молњата удрила врз црквата.

Повредените биле однесени во болница, но по пат осум од нив починале.

Еден од настраданите е сместен на интензивно одделение, а уште четворица се под набљудување, но не се во болница, прецизира изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top