Билал Ердоган, синот на турскиот премиер Тајип Ердоган, побегнал во Грузија по вестите дека турскиот суд издал налог за негово апсење, пренесоа вчера турските медиуми, објави порталот „Скај“.
Ердоган, поради корупциските афери во кои се вмешани членови на неговиот кабинет и членови на нивните семејства, смени 10 министри и изврши реконструкција на владата.
По ова, турските медиуми соопштија дека во аферата е вмешан и Билал Ердоган, помладиот син на турскиот премиер.
Истражувачите го испитуваат работењето на невладина организација во Истанбул, во чиј управен одбор се наоѓа Билал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


