Сирискиот претседател Башар ал-Асад му испратил на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск приватна порака, објави Светата столица, но не ја открива нејзината содржина. Во соопштението на Ватикан се наведува дека делегацијата предводена од сирискиот државен секретар Џозеф Свејд разговарало во Ватикан разговарала со државниот секретар на Светата столица, надбискупот Пјетро Паролон и секретарот на папата за односи во државата, надбискупот Доминик Мамберти.
„Делегацијата ја донесе пораката на претседателот Асад за Светиот Отец…”, се наведува во штурото соопштение што го пренесува Reuters.

Познато е дека папата Франциск повеќепати повикуваше на прекинување на граѓанската војна во Сирија, а последната беше испратена на Божик. Покрај тоа, папата се заложува и за заштита на христијанската заедница на Блискиот исток и особено во Сирија којашто се цел на брутални напади и прогони од страна на радикалните исламисти и џихадисти и, исто така, се спротистави во времето на можните воздушни напади врз Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


