| четврток, 6 декември 2018 |

И бура да коси, Лада отпорници си носи

Личност на неделата

ЕМБГ: SK 4639AD

Ро­де­на: не­поз­на­то

Мо­дел: ру­ски

Иде­о­ло­ги­ја: ко­му­ни­стич­ка

Про­фе­си­ја: пред­вод­ник

Ро­де­на не­ко­гаш и нег­де, сè уште не­за­ве­де­на во си­сте­мот, Ла­да От­пор со пра­во си го по­не­се при­ма­тот лич­ност на не­де­ла­та. На бе­ла­та да­ма ѝ се ка­чи­ја си­те. От­пор ѝ е пре­зи­ме­то… И са­мо пре­зи­ме­то. Не­ма от­пор ко­га е во пра­ша­ње ка­чу­ва­ње. Кор­пу­лент­на­та пред­вод­нич­ка на от­по­рот на СДСМ прв ја про­ба ли­де­рот на пар­ти­ја­та Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Ѝ се ка­чи уште пред 24 де­кем­ври, цр­ни­от по­не­дел­ник во ре­пуб­лич­ко­то Со­бра­ние. А, штом ше­фот ја про­ба, ста­на до­стап­на за си­те. И за  ма­жи и за же­ни. Мо­же таа да из­др­жи мно­гу. Ге­не­ра­то­ри, звуч­ни­ци и го­ле­ма чо­веч­ка ма­са. Тоа не е ни­што за из­држ­ли­ва­та бе­ла да­ма со ру­ско по­тек­ло. И да вр­не и да вее и бу­ра да ко­си, Ла­да­та от­пор­ни­ци си но­си. Таа е сим­бол на от­по­рот на СДСМ. По­сто­ја­но па­ту­ва. Вле­гу­ва од град во град, ги при­дру­жу­ва по­ли­ти­ча­ри­те, им по­ма­га на про­тест­ни­те со­би­ри на опо­зи­ци­ја­та про­тив, ка­ко што ве­лат, ре­жи­мот на пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

По Бран­ко на Ре­корд, на Ла­да От­пор ѝ се ка­чи­ја мно­гу­број­ни го­вор­ни­ци. Ѝ фа­ле­ше „да­ска“, до­би и „да­ска“. По­лес­но да др­жат рам­но­те­жа  тие што ѝ се ка­чу­ва­ат. За­до­волс­тво­то е по­го­ле­мо. А за кри­ци? И за тоа не­ма проб­лем Ла­да От­пор. „Бе­ла Чао“ и „Во бор­ба ма­ке­дон­ски на­ро­де“, си пее искус­на­та Ла­да. Не ѝ се­ед­но што не се пе­ат ру­ски пес­ни, ама ку­тра­та не мо­же да збо­ру­ва. А ѝ во де­мо­кра­ти­ја сè е мож­но.

Зо­ран За­ев, Игор Ива­нов­ски – Ше­ма, Сил­ва­на Фи­ли­по­ва… си­те кан­ди­да­ти за гра­до­на­чал­ни­ци од ре­до­ви­те на здру­же­на­та опо­зи­ци­ја ја ис­про­баа брен­ди­ра­на­та Ла­да От­пор. За ре­то­рич­ки це­ли. Ја про­баа и но­ви­на­ри­те. Сло­бо­дан Трај­ков­ски бе­ше еден од нив. Но­ви­на­рот Пе­трит Са­ра­чи­ни збо­ру­ва­ше за сло­бо­да на ме­ди­у­ми­те, про­го­во­ри и ос­но­ва­чот на веб-пор­та­лот „Ок­но“, Ни­ко­ла Ге­лев­ски. Се истак­на и по­ли­ти­ко­ло­гот Да­не Та­лев­ски, про­фе­со­рот Ван­чо Узу­нов, ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на Обе­ди­не­ти за Ма­ке­до­ни­ја Ра­де Ми­ло­шов­ски, Ди­мо Ста­но­ев, Пе­ре Ме­лов, Са­ве Ма­рач­ков .

Сре­ќа, Ла­да От­пор са­мо брм­чи, сви­ри и пее. Пее тоа што ќе ѝ го на­ра­чаш.

„Ре­пуб­ли­ка“ се оби­де да доз­нае од ка­де по­тек­ну­ва Ла­да От­пор. Но, неј­зи­ни­от ма­ти­чен број и фо­то­гра­фи­ја не беа до­вол­ни за да се доз­нае кој е сопс­тве­ник и кој сè ја имал. Ре­ги­сти­ра­на е со но­ва оз­на­ка. Во си­сте­мот ја не­ма. Зо­што?! Мо­же­би при­чи­на­та е во но­ви­те ре­ги­стар­ски таб­лич­ки. Иа­ко ве­ќе дол­го вре­ме ги пред­во­ди от­пор­ни­ци­те, во си­сте­мот на МВР сè уште ја не­ма.

 

Рекоа за неа…

  • Мислам дека имаше и 1.7 дизел
  • Поради Краш Тестот ја забранија во америка …..
  • Верзијата со 5 врати е како мртовечка кола.
  • Лада Нива е првенствено напраена да биде мазга, де влече, копа, ринта
  • Ружно ко к*рац, али практично и донекаде издржливо

 

Карактеристики и пропорции:

  • Отвори: три
  • Висина: 164 сантиметри
  • Обем: 168 сантиметри
  • Економичност: скапа
  • Бучава: буди комшии
  • Конкуренција: нема

Текстот е дел од содржините во новиот број на неделникот Република, кој од денеска е во продажба. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top