| четврток, 6 декември 2018 |

Најлутата Каролина

CarolinaReaperPeppersКаролина рипер („Reaper“ на англиски значи косач) е името на пиперката која влезе во Гинисовата книга на рекорди како најлута на светот. Ед Кари од Јужна Каролина четири години работел вкрстувањето на најлутото пиперче на планетата и годинава добил признание за својот успех.

Според Сковиловата скала на лутина, пиперчињата на Кари, во просек, достигнаа 1.569.300 сковили (единица мерка со која се мери лутината на пиперките), додека кај најлутите примероци се измерени 2,2 милиони сковили, што е за 200.000 единици полуто од составот на солзавецот или на спрејот од бибер.

Досегашната пиперка-рекордерка беше Тринидад моруфа скорпион, која во просек имаше 1,2 милиони сковилили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top