Работна група во Министерството за труд и социјална политика направила компаративна анализа во рамки на подготовките на Закон за семејно насилство. Во изработка на предлог законот ќе бидат вклучени сите засегнати страни. Законското решение треба да ги зајакне казните за сторителите на семејно насилство особено доколку не се почитуваат одлуките на судот. Доколку во семејството има дете без оглед на тоа дали е тоа директна или индиректна жртва мерките и казните да бидат поригорозни. Кога текстот ќе биде изготвен, според министерот Диме Спасов, ќе биде достапен за јавноста и иницираше одржување јавна расправа за да се разговара за членовите во овој текст. На јавната расправа за Подготовка на законот за семејно насилство денеска во Собранието на РМ, општа констатацијата е дека на Македонија и е потребен ваков закон. Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во последните девет години регистрирал околу 3.000 случаи на семејно насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Измени во Законот за минимална плата
-
Данев: Изборен закон не се носи без консултации со опозицијата
-
Измени во Законот за работни односи: Новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…