| четврток, 6 декември 2018 |

Забрани за камиони на неколку патни правци

Поради интензивни врнежи од снег воведени забрани на неколку патни правци во државата за тешки товарни возила. Товарните возила не може да се движат на планинскиот превој Стража и патниот правец Маврово – Дебар, а на планинскиот превој Ѓавато задолжителна е употреба на зимска опрема.
На останатите магистрални и регионални патни правци, според информирациите на Авто мото сојузот на Македонија и Македонија пат, сообраќајот се одвива забавено, во зимски услови, по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег.
Железничкиот и авионскиот сообраќај засега се одвива без проблеми.
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје слетувањата и полетувањата се одвиваат според превидениот редослед. Досега, реализирани се сите слетувања и полетувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top