
Кумановец со германско државјанство, доби осум години затвор оти превезувал азиланти во Германија и во Холандија.
Скопскиот Кривичен суд го огласи Ридван Демировски Блуменхтал за виновен за кривичното дело злоупотреба на безвизниот режим со државите-членки на Европската Унија. Кумановецот беше фатен на граничниот премин Табановце. Според Обвинителството, тој ја оставил групата од 17-мина Роми на возраст од 20 до 50 години во комбе со германски таблички. Тие требало пеш да ја поминат границата, под изговор дека се фудбалски тим кој оди на натпревар во Врање. Обвинетиот Демировски требало да ги чека на другата страна од границата, од каде што требало да го продолжат патот кон ЕУ и да си ги наплати договорените пари. Но место тоа, тој беше приведен и заврши во притвор во Шутка. Таму, според одлуката на Судот, ќе остане до правосилност на пресудата.
За кривичното дело злоупотреба на безвизен режим, кое е од пред некое време, досега Кривичниот суд има изречено неколку пресуди, меѓу кои и уште една од осум години затвор.
Кумановецот Ридван, кој на своето презиме го додал и презимето на сопругата, според полицијата, со комбе со германски таблички во повеќе наврати превезувал Роми. Тврдел дека ги носи на гости кај него во Германија. Но Обвинителството тврди дека тој го злоупотребил германското државјанство и неговите гости завршувале во центрите за азил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
13 и 12 години затвор за тројцата обвинети за злоупотреба на малолетничката која остана бремена
-
Девет години затворска казна за Ѓоко Поповски
-
Откако се истепале, кумановец со бензин му ги запалил влезните врати и автомобилот на својот сосед
-
Денеска пресуда за грабежот во Тутунска – никој не знае каде се парите


