Во Велика Британија денеска почна сезоната на зимската распродажба. Пред продавниците се фромираа редици од купувачи, меѓу кои во голем број и туристи од Кина.
Пред „Елфриџис“, еден од најголемите трговски центри во Лондон, редици има уште од синоќа, а утрово пред отворањето имаше 3.500 луѓе. Најбарани се женските чанти и други модни додатоци, чии цени се намалени за приближно 50 проценти.
Според експертите од „Вердикт рисрч“, Британците до недела ќе потрошат 19,5 милијарди долари, што е за 20 проценти повеќе од истиот период лани. Прометот во сите продавници во Велика Британија за време на божикната распродажба минатата година изнесуваше 28 милијарди долари.
Големите трговски центри и бутици се принудени да ги намалат цените уште на почетокот на распродажбите, за да ја издржат конкуренцијата на интернет-трговија. Поголем број од електронските продавницци почнаа да ги намалуваат цените уште во ноември, па дури и во октомври.
Интернет распродажбите на британските трговски мрежи почна уште вчера, кога продавниците беа затворени за Божик. Вчера на британските трговските сајтови беа регистрирани 117 милиони посети, а за денеска се очекуваат 118 милиони. Велика Бриранија има 60 милиони жители
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


