Сите шест членови на екипажот загинаа во пад на авион на истокот на Русија, изјави локалниот претставник на Итната служба.
Авион од типот „антонов Ан-12“ не превезувал патници, а се срушил за време на лет во Сибир, пренесе „Интерфакс“.
Во Русија и поранешните советски републики во 2011 година имало речиси три пати повеќе авионски несреќи во споредба со светскиот просек, се наведува во податоците на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.