| четврток, 6 декември 2018 |

Георгиевски: Ако ни се поклопат коцките, имаме шанси за медал

Македонските ракометари се подготвуваат за нови предизвици - Европско првенство во ракомет, што се оддржува во Данска. Нашите момци стартуваат на 12 јануари, а во нашата група покрај домаќинот Данска се и Чешка и Австрија „Република“ разговараше со ракометарите за тоа што тие очекуваат од ова првенство. Денеска ви ја пренесуваме изјавата на Гоце Георгиевски

Гоце Георгиевски

роден: 12.02.1987 година
тежина: 83
висина: 185
клуб: РК Металург
позиција: десно крило
одиграни репрезентативни натпревари: 12

Георгиевски почнал да тренира ракомет од 16 години. Целокупната досегашна кариера му е врзана за клубот РК Металург. Во првиот тим е од 2006 година.

goce georgievГеоргивевски во разговорот за „Република“ рече дека нашата шанса е против екипите на Чешка и на Австрија, и со тоа да влеземе со што повеќе бодови во наредната фаза.

– Кога ќе почне шампионатот, многу карти ќе се отворат, ќе видиме сите репрезентации со каков состав располагаат, кој е во форма, а кој не, и мислам дека ако ни се склопат коцките и одиграме добро, зошто да не се бориме за медал – вели Георгиевски.

Целиот разговор погледнете го на следниот линк на Република ТВ.

filip-lazarov1 Mirkulovski manaskov-520x344 dimovski

Слушнете ги предвидувањата и очекувањата на Филип ЛазаровФилип Миркуловски и Дејан Манасков.

Разговараше: Владо Оцевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top