| четврток, 6 декември 2018 |

Руси ќе бараат нафта во сириското крајбрежје

1Сирија потпиша договор со руската „Сојузнефтегаз“ за истражување нафта и гас на дното на Средоземно Море. Според сириската агенција САНА, се укажува дека експлоатацијата на нафтата ќе се изведува кај сириското крајбрежје. Овој договор на Министерството за нафта на Сирија следува по разговорите со амбасадорите на Русија и Кина за можноста за испитување дали во сириското медитеранско дно има нафта и гас.
Најголем број од сириските полиња со нафта и гас на истокот на државата се наоѓаат под контрола на опозицијата, со која власта е во граѓанска војна, па сирискиот извоз на нафта речиси е сопрен.
Ова не е прв обид за подводни црпења на нафта во регионот. Израел веќе се подготвува за експлоатација на големи подводни површини на нафта кај своето крајбрежје, а и Либан навестува слични обиди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top