
Во екот на новогодишната еуфорија киното „Милениум“ програмски го освежува својот репертоар со четири нови филмски продукции.
В четврток, во 19.00 часот, е премиерата на најновиот светски мегахит „Волкот од Волстрит“, со фантастичниот режисерско-актерски тандем, Скорсезе-Ди Каприо, и тоа на денот на светската премиера. Исто така в четврток, но во еден термин кој е атрактивен за најмладата публика, од 14 часот, премиерно стартува прикажувањето на анимираниот „Кумба“, за кој меѓу останатата актерска екипа гласовите ги позајмуваат и Стив Бушеми, Лиам Нисон, Лоренс Фишбурн.
На репертоарот нема да биде запоставена ниту европската кинематографија, своја репертоарска премиера ќе доживеат „Минатото“ на Азгар Фархади и „Само господ простува“ на Николас Рефн.
На 31 декември кино „Милениум“ ќе има само 3 утрински/пладневни проекции, во 10 „Снежното кралство 3Д“, во 12 „Кумба 3Д“ и во 14 часот „Хобит 3Д“. Билетот за овие проекции ќе чини само 100 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


