| четврток, 6 декември 2018 |

Законот за медиуми ќе биде поддржан од ДУИ

dui-460x272

ДУИ ќа застане зад законите за медиуми. Пратеничката од оваа партија Сузана Салиу денеска изјави дека иако станува збор за комплексна тема, ДУИ ќе ја поддржи во ваква форма како што е дадена пред пратениците. Според неа, важно е со закон да се регулира оваа сфера и законот ќе придонесе за развивање на медиумската култура во земјава.

Таа не ја коментираше постапката на новинарите кои со транспарент „Не во наше име“ му порачаа на министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, дека не се согласуваат со одлуката законот да биде донесен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top