| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре мерцедес, сопственикот се сомнева дека пожарот бил подметнат

zapalen avtomobil ford

Во пожар што се случил, вчера во раните утрински часови во Велес изгоре автомобил марка „мерцедес“ сопственост на триесетгодишниот Г.П од Велес, јави „Дума“.

Огнот избувнал во два часот по полноќ додека возилото било паркирано на вообичаеното место на улицата „Белградска“ во близина на трговскиот мини-центар, кај гаражите на Дервен.

Пламенот први го забележиле граѓаните во околните станови и куќи. Го алармирале и сопственикот, а била повикана противпожарна. По брзата интервенција на пожарникарите огнот бил угаснат, но штетата на возилото била голема.

Сопственикот на мерцедесот случката ја пријавил в полиција и бидејќи се сомневал дека станува збор за подметнат пожар бил направен увид од екипа на СВР Велес.

– Во одделот за крим-техника на МВР испратени се примероци од опожареното возило. Се очекуваат резултати од вештачењето, кои треба да ги потврдат или отфрлат сомнежите на сопственикот на автомобилот – рече портпаролката Анита Стојковска.

Пожарот ги вознемирил жителите во овој дел на Нова населба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top