Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз и градоначалник на oпштина Струмица, Зоран Заев, за време на своето гостување на националниот сервис МТВ, на поставеното новинарско прашање: „Дали е етички и политички морално, Ваши блиски роднини, татко, брат, чичко, братучеди да ги добиваат тендерите во Општина Струмица во време кога Вие раководите со општината“, одговори:
„Еве вака, овие тендери се со вредност од 108.000, 84.000, 35.000 денари“.
Но, Курир, повикувајќи се на документи до кои стигнала редакцијата, го тврди спротивното:
– Според документите кои се појавија во јавноста изминатиот период, фирмите чии сопственици се таткото и братучедот на Зоран Заев, Панче и Трајче Заев, во изминативе неколку години имаат добиено тендери со огромна вредност. Фирмата Зови Промет на Панче Заев, во 2009 година има добиено тендер во вредност од 5.350.000 денари, во 2011 година на ист ден, фирмата, исто така, има добиено два тендери во вкупна вредност од околу 15 милиони денари. Фирмите АД „Пелагонија“ и ИГМ „Еленица“, каде што фигурира братучедот Трајче Заев, исто така, има добивано тендери со далеку поголема вредност од таа што ја тврди Зоран Заев. АД „Пелагонија“ во 2008 година има добиено тендер во вредност од 2.758.362 денари, додека, пак, во 2012 година има добиено 1.977.550 денари. Ништо поразлична од овие две фирми не е ниту фирмата ИГМ „Еленица“, која во период од една година, помеѓу 2008 и 2009, има добиено два тендери со вкупна вредност од околу 2 милиони денари. Доколку се соберат средствата кои само овие фирми во сопственост на семејството Заеви ги добиле од буџетото на општината со која раководи Зоран Заев во изминативе пет години, ќе добиеме огормна сума од околу 60 милиони денари – пишува „Курир“.
- Пелагонија
- Пелагонија
- Зови Промет
- Зови Промет
- Зови Промет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Заев за грчки „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори









