| четврток, 6 декември 2018 |

Почна забавата на новото лизгалиште во Охрид

Со неколкучасовен музичко сценски настан и настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски, на градскиот плоштад свечено беше отворено лизгалиштето на мраз, објави порталот „Охрид нет“.

zabava-lizgaliste-2

Градоначалникот Никола Бакрачески ѝ посака топло добредојде на многубројната публика најавувајќи интересни содржини за наредните предновогодишни денови, но и ветувајќи дека од оваа година секоја наредна ќе биде сѐ подобра во поглед на организација на новогодишните, божикните и богојавленските празници.

zabava-lizgaliste-nasl

– Се надевам дека ние како  Општина, заедно со јавните претпријатија и сите луѓе кои го сакаат Охрид, ќе успееме и во овие зимски месеци да го направиме градот привлечен како за неговите жители така и за гостите. Во наредниве  денови  ќе имате можност да се забавувате и  рекреирате со содржини  со кои се надевам дека ќе ги развеселиме и стоплиме вашите срца. Ова лизгалиште е нова содржина како за најмладите така и за повозрасните. Тоа  е убава можност за сите кои знаат да лизгаат, а за тие кои не научиле одлична шанса да ги научат првите чекори во лизгањето – истакна градоначалникот Бакрачески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top