Со неколкучасовен музичко сценски настан и настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски, на градскиот плоштад свечено беше отворено лизгалиштето на мраз, објави порталот „Охрид нет“.
Градоначалникот Никола Бакрачески ѝ посака топло добредојде на многубројната публика најавувајќи интересни содржини за наредните предновогодишни денови, но и ветувајќи дека од оваа година секоја наредна ќе биде сѐ подобра во поглед на организација на новогодишните, божикните и богојавленските празници.
– Се надевам дека ние како Општина, заедно со јавните претпријатија и сите луѓе кои го сакаат Охрид, ќе успееме и во овие зимски месеци да го направиме градот привлечен како за неговите жители така и за гостите. Во наредниве денови ќе имате можност да се забавувате и рекреирате со содржини со кои се надевам дека ќе ги развеселиме и стоплиме вашите срца. Ова лизгалиште е нова содржина како за најмладите така и за повозрасните. Тоа е убава можност за сите кои знаат да лизгаат, а за тие кои не научиле одлична шанса да ги научат првите чекори во лизгањето – истакна градоначалникот Бакрачески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст