| четврток, 6 декември 2018 |

Планинарските подвизи на Сашко Кедев во документарен филм

Kedev prezentacija planinarenje (21) (Small)

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев е единствениот Македонец што ги освои највисоките планински врвови на седумте континенти и тој овој свој подвиг го смести во еден видеоматаријал кој синоќа го промовираше во Музејот на македонската борба.

Со искачувањето на сите седум највисоки врвови Кедев завршил во 2010 година.

– Овој проект го завршив за неполни три години. Тој ми ја изостри концентрацијата и ми го избистри погледот да расчистам со тривијалноста на секојдневието. Најважна е чистата мотивација и посветеност, вклучувајќи ја и физичката подготвеност – изјави познатиот македонски кардиолог Сашко Кедев.

Кедев се искачи на Монт Еверест, највискиот врв во светот (8.8.48 метри), на Аконкагва (6.961), Манили (6.194), Килиманџаро (5.895), Елбрус (5.642) и Пунџак Џаја (4.884).

фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top