| четврток, 6 декември 2018 |

САД ја кри­јат вме­ша­но­ста на Са­у­ди­ска Ара­би­ја во на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври?

obama saudis

До ден-де­нес не се знае мно­гу за аме­ри­кан­ско-са­у­ди­ска­та кри­за од ле­то­то 2001 го­ди­на и за пла­нот на са­у­ди­ска­та вла­да ра­ди­кал­но да го сме­ни кур­сот на дејс­тву­ва­ње, со што тре­ба­ло да се ста­ви крај на ко­ор­ди­ни­ра­на­та по­ли­ти­ка со Ва­шин­гтон.

За на­па­ди­те од 11 сеп­тем­ври се од­го­вор­ни Оса­ма бин Ла­ден и Ал Ка­е­да, а нападите се извршени без ка­ква би­ло под­др­шка од не­ко­ја стран­ска вла­да, со­оп­шти Бе­ла­та ку­ќа по истра­га­та на аме­ри­кан­ски­те без­бед­нос­ни служ­би на из­вр­ши­те­ли­те, на­ра­ча­те­ли­те и мо­ти­ви­те за нај­го­ле­ми­от те­ро­ри­стич­ки на­пад во исто­ри­ја­та на САД.

Се­пак, јав­но­ста во Аме­ри­ка, но и по­ши­ро­ко, до ден-де­нес се сом­не­ва во офи­ци­јал­на­та вер­зи­ја на истра­га­та, пред сѐ, по­ра­ди не­раз­јас­не­ти­те де­та­ли кои го сле­деа на­ста­нот, но и по­ра­ди ин­фор­ма­ци­и­те до кои дош­ле ЦИА и ФБИ, а Бе­ла­та ку­ќа ни­ко­гаш не ги об­ја­ви јав­но. Та­ков е слу­ча­јот и со из­ве­шта­јот за истра­га­та на Кон­гре­сот, ка­де што се цен­зу­ри­ра­ни 28 стра­ни­ци по на­ред­ба на пре­тсе­да­те­лот Џорџ Буш. Ед­ни од ре­тки­те што ја про­чи­та­ле со­др­жи­на­та на из­ве­шта­јот, кон­грес­ме­ни­те Вал­тер Џонс и Сте­фен Линч, би­ле „шо­ки­ра­ни“ од сте­пе­нот на вме­ша­ност на ед­на стран­ска др­жа­ва во на­па­ди­те. Име­то на др­жа­ва­та не го откри­ле за да не го пре­кр­шат фе­де­рал­ни­от за­кон, но за­тоа му пред­ло­жи­ле на Кон­гре­сот да по­ба­ра од пре­тсе­да­те­лот Ба­рак Оба­ма да го дек­ла­си­фи­ци­ра це­ли­от из­ве­штај од 2002 го­ди­на.

До­де­ка се че­ка дек­ла­си­фи­ци­ра­ње­то на спор­ни­от дел од из­ве­шта­јот, не­кои ин­фор­ма­ции ве­ќе про­те­коа во јав­но­ста. Из­бри­ша­ни­те стра­ни­ци со ин­фор­ма­ции што се зас­но­ва­ат на до­ку­мен­ти обез­бе­де­ни од ЦИА и од ФБИ, се од­не­су­ва­ат на со­јуз­ни­кот на САД – Са­у­ди­ска Ара­би­ја. Са­у­диј­ци­те ја не­ги­ра­ат вме­ша­но­ста во на­ста­ни­те од 11 сеп­тем­ври, но ЦИА сме­та де­ка има не­со­бор­ли­ви до­ка­зи де­ка прет­став­ни­ци од Вла­да­та на Са­у­ди­ска Ара­би­ја, ме­ѓу кои и ви­со­ки дип­ло­ма­ти и аген­ти од раз­уз­на­вач­ки­те служ­би, им по­ма­га­ле на кид­на­пе­ри­те и фи­нан­си­ски и ло­ги­стич­ки. Спо­ред тие до­ку­мен­ти, Ам­ба­са­да­та на Са­у­ди­ска Ара­би­ја во Ва­шин­гтон и кон­зу­ла­тот во Лос Ан­џе­лес ди­рект­но ги по­ма­га­ле те­ро­ри­сти­те, со што на­па­ди­те не се са­мо те­ро­ри­стич­ки акт, ту­ку и акт на вој­на.

usa-saudi-arabia-flag

МН: Кои сѐ по­ма­га­ле во те­ро­ри­стич­ки­те на­па­ди?

До­ку­мен­ти­те обез­бе­де­ни од ЦИА и од ФБИ со­др­же­ле ин­фор­ма­ции за ими­ња, ме­ста и на­ста­ни ка­де што са­у­ди­ски­те дип­ло­ма­ти би­ле во кон­такт со ди­рект­ни­те учес­ни­ци во те­ро­ри­стич­ки­от на­пад. Во Лос Ан­џе­лес гла­вен ор­га­ни­за­тор бил дип­ло­ма­тот од кон­зу­ла­тот на Са­у­ди­ска Ара­би­ја, Фа­хад ал Ту­ме­ри, кој ор­га­ни­зи­рал гру­па за пре­чек на Ка­лид ал Мих­дар и на На­ваф ал Хаз­ми, (двај­ца од кид­на­пе­ри­те) при нив­но­то при­стиг­ну­ва­ње во гра­дот во 2000 го­ди­на. Еден од ти­мот за пре­чек бил са­у­ди­ски­от раз­уз­на­вач Омар ал Ба­ју­ми, кој ги на­пу­штил САД два ме­се­ци пред на­па­ди­те. Дип­ло­ма­тот, пак, бил де­пор­ти­ран вед­наш по на­па­ди­те. Пред да из­бе­га од Аме­ри­ка, раз­уз­на­ва­чот и уште еден са­у­ди­ски агент, Оса­ма Бас­нан, раз­ви­ле опе­ра­тив­на ба­за во Сан Ди­е­го, та­ка што обез­бе­ди­ле со­би, те­ле­фо­ни и ор­га­ни­зи­ра­ле тај­ни сред­би со про­по­вед­ни­кот Ан­вар ал Ав­ла­ки, под­др­жу­вач на Ал Ка­е­да.

Аме­ри­кан­ски­те тај­ни служ­би, исто та­ка, откри­ле де­ка ам­ба­са­до­рот на Са­у­ди­ска Ара­би­ја во САД, прин­цот Бан­дар, (кој бил ли­чен при­ја­тел со пре­тсе­да­те­лот на САД, Џорџ Буш) и не­го­ва­та со­пру­га му ис­пра­ти­ле чек со 130.000 до­ла­ри на аген­тот Бас­нан до­де­ка тој се гри­жел за кид­на­пе­ри­те на ави­о­ни­те. Прин­цот се прав­дал де­ка па­ри­те би­ле на­ме­не­ти за ле­ку­ва­ње на бол­на­та со­пру­га на Бас­нан и по­крај тоа што би­ло утвр­де­но де­ка па­ри­те за­вр­ши­ле во ра­це­те на те­ро­ри­сти­те.

Освен тие па­ри, би­ла откри­е­на уште ед­на бан­кар­ска транс­ак­ци­ја ко­ја во­де­ла од прин­цот и ам­ба­са­да­та до Ал Ка­е­да. По­ра­ди тоа, бан­ка­та Ригс во 2004 го­ди­на ги отка­жа­ла ус­лу­ги­те за Са­у­диј­ци­те. След­на­та го­ди­на би­ле откри­е­ни уште не­кол­ку вра­бо­те­ни во ам­ба­са­да­та што би­ле по­вр­за­ни со те­ро­ри­стич­ки деј­но­сти по­ра­ди што офи­ци­ја­лен Ри­јад го пов­ле­кол ам­ба­са­до­рот во сво­ја­та зем­ја по по­ве­ќе од 20 го­ди­ни дип­ло­мат­ски актив­но­сти во САД.

Еден од на­ста­ни­те за кои аме­ри­кан­ски­те служ­би не­ма­ат цвр­сти до­ка­зи е пре­сто­јот на ви­сок вла­дин прет­став­ник на Са­у­диј­ци­те, Са­лех Ху­се­ин, ве­чер­та пред на­па­ди­те, во хо­те­лот „Ме­ри­от ре­зи­денс ин“, бли­зу ае­ро­дро­мот „Ду­лес“ – исто­то ме­сто ка­де што пре­сто­ју­ва­ле и трој­ца­та те­ро­ри­сти чи­ја цел бе­ше Пен­та­гон. Иа­ко е до­ка­жа­но де­ка би­ле во исти­от хо­тел, ФБИ ни­ко­гаш не доз­на­ла да­ли Ху­се­ин имал сред­ба со кид­на­пе­ри­те на ави­о­нот таа ве­чер.

Во го­ле­ми­от за­го­вор се спо­ме­ну­ва и име­то на Есам Га­за­ви, со­вет­ник на вну­кот на са­у­ди­ски­от крал Фахд, во чи­ја ку­ќа во Са­ра­со­та, Фло­ри­да, пре­сто­ју­ва­ле во­да­чот на гру­па­та кид­на­пе­ри, Мо­ха­мед Ата, и уште не­кол­ку­ми­на. Две не­де­ли пред на­па­дот лу­ксуз­на­та ку­ќа би­ла на­пу­ште­на. И по­крај ин­си­сти­ра­ње­то на по­ра­неш­ни­от се­на­тор на Фло­ри­да, Боб Гра­хам, ФБИ не доз­во­ли­ла да би­де об­ја­ве­на ни­ту ед­на ин­фор­ма­ци­ја и за тој слу­чај.

Вес­ни­кот „Њу­јорк пост“, по­ви­ку­вај­ќи се на аген­ти што учес­тву­ва­ле во истра­га­та, пи­шу­ва де­ка истра­жу­ва­чи­те што ра­бо­те­ле на откри­ва­ње тра­ги за вме­ша­но­ста на са­у­ди­ска­та ам­ба­са­да би­ле от­по­ви­ку­ва­ни од слу­ча­јот. Са­мо еден ден по сред­ба­та на пре­тсе­да­те­лот Буш со са­у­ди­ски­от ам­ба­са­дор, прин­цот Бан­дар, во Бе­ла­та ку­ќа, ФБИ ева­ку­и­ра­ла од САД де­се­ти­ци офи­ци­јал­ни ли­ца на Са­у­ди­ска Ара­би­ја вклу­чу­вај­ќи и чле­но­ви на се­мејс­тво­то на Оса­ма бин Ла­ден. Дел од се­мејс­тва­та на за­ги­на­ти­те во те­ро­ри­стич­ки­от на­пад изра­зу­ва­ат дла­бо­ко сом­не­ва­ње де­ка Бе­ла­та ку­ќа ги крие до­ка­зи­те за вме­ша­но­ста на са­у­ди­ска­та вла­да по­ра­ди што поч­наа кам­па­ња со ко­ја ба­ра­ат од нив­ни­те прет­став­ни­ци во Кон­гре­сот да се до­не­се ре­зо­лу­ци­ја со ко­ја ќе ста­нат јав­но до­стап­ни цен­зу­ри­ра­ни­те 28 стра­ни­ци од из­ве­шта­јот.

До ден-де­нес не се знае мно­гу за аме­ри­кан­ско-са­у­ди­ска­та кри­за од ле­то­то 2001 го­ди­на и за пла­нот на са­у­ди­ска­та вла­да ра­ди­кал­но да го сме­ни кур­сот на дејс­тву­ва­ње, со што тре­ба­ло да се ста­ви крај на ко­ор­ди­ни­ра­на­та по­ли­ти­ка со Ва­шин­гтон. Еден од ре­тки­те што пи­шу­ва­ле на оваа те­ма е но­ви­на­рот и пи­са­тел Пол Спе­ри. Тој, спо­ре­ду­вај­ќи ги но­ви­нар­ски­те из­ве­штаи од тој пер­и­од со дел од до­вер­ли­ви­те ин­фор­ма­ции од спор­ни­от дел од из­ве­шта­јот, се оби­ду­ва да го од­гат­не мо­ти­вот за те­ро­ри­стич­ки­от акт.

11 septemvri

Кој е мо­ти­вот за на­па­дот?

Офи­ци­јал­ни­от став на Бе­ла­та ку­ќа е де­ка за те­ро­ри­стич­ки­от на­пад единс­тве­но се од­го­вор­ни Оса­ма бин Ла­ден и не­го­ва­та Ал Ка­е­да, но Спе­ри сме­та де­ка за­го­во­рот на Са­у­диј­ци­те од ле­то­то во 2001 го­ди­на мо­же да би­де по­чет­на точ­ка за по­на­та­мош­но раз­ви­ва­ње на те­о­ри­и­те за мо­ти­ви­те на на­па­дот. Ток­му по­ра­ди тоа, но­ви­на­рот, но и дру­ги ана­ли­ти­ча­ри, сме­та де­ка во оби­дот да се утвр­дат мо­ти­ви­те за на­па­дот тре­ба да се има­ат пред­вид по­ла­ри­за­ци­ја­та на од­но­си­те по на­па­ди­те и аме­ри­кан­ско-са­у­ди­ски­от конф­ликт од пред 12 го­ди­ни. Се­пак, за да се до­бие це­лос­на сли­ка за на­ста­ни­те од 11 сеп­тем­ври, освен што тре­ба де­тал­но да се истра­жат вр­ски­те на са­у­ди­ски­те дип­ло­ма­ти со кид­на­пе­ри­те на ави­о­ни­те, исто та­ка, тре­ба да се од­го­во­ри и на пра­ша­ње­то зо­што аме­ри­кан­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја упор­но се оби­ду­ва да из­бег­не истра­га за овие ас­пе­кти.

Тоа што е поз­на­то е де­ка по ури­ва­ње­то на ку­ли­те-близ­нач­ки во Њу­јорк, Са­у­диј­ци­те не са­мо што се отка­жаа од пла­нот за ди­стан­ци­ра­ње од по­ли­ти­ка­та на Ва­шин­гтон, ту­ку за­ед­но со Па­ки­стан­ци­те ста­наа уште поб­ли­ски со­јуз­ни­ци на САД. Тоа не бе­ше од­лу­ка на та­мош­ни­те вла­ди, ту­ку ед­но­став­но беа при­ну­де­ни на та­ков че­кор по­ра­ди ек­стрем­на­та по­ла­ри­за­ци­ја на од­но­си­те на Аме­ри­ка со оста­то­кот од све­тот – или сте со САД или со те­ро­ри­сти­те.

(текстот е објавен во 68. број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top