
Оваа Владата како никогаш до сега реализирала конретни мерки посебно за лицата со инвалидност и дека за првпат во 2012 е донесен додаток за мобилност и додаток за слепило, кој голем број лица со телесен инвалидитет и слепи лица го користат и добиваат 7000 денари месечно финансиска помош од страна на државата – нагласи министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов во Струмица.
Тој зборуваше за проектите кој Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги реализира за грижата за лицата со попреченост, лица со инвалидност, на сите оние кои се наоѓаат во тешка материјална состојба, за сите оние кои што се наоѓаат во социјален ризик и социјално ранливите категории на ѓрагани.
Спасов ги образложи и мерките кои ќе се спореведуваат од почетокот на 2014 годиниа. Тоа се мерките за паричен месечен додаток на потполно глувонемите лица, додаток за мобилност на лицата со квадриплегија, а се предвидува и зголемување за 50 проценти на паричниот додаток за самохрани родители на деца со пречки во развојот.
Во однос на мерките кои Владата ги превзема е и поголема поддржка и помошта на инвалидите во нашата држава преку вработување на 300 инвалиди во јавната и државната администрација. За приминатели на социјалната парична помош предвидени се повеќе проекти меѓу кои е зголемувањето на социјалната парична помош, кој досега од оваа Влада е зголемена за 40,5 проценти, а од март до година дополнително ќе се зголеми за уште 5 проценти.
За намалување на невработеноста владата се грижи со низа мерки меѓу кои и проектот самовработување, субвенционирање на вработување, преку проекти за практиканство, новиот веб сервис на следење на огласи на вработување во приватниот сектор, а Владата исто така предвивува и вработувањена лица приматели на социјална помош.
-,На изминатата седница усвоивме измени на два закони со што се овозномува на сите работодавачи кој ќе вработат примател на социјална помош да добиваат континуирано субвенции од страна на државата наредните 24 месеци” – рече Спасов
Спасов на крајот и се обрати и на пензионерите на кој ги потикна да аплицираат за услугата за банско- климаткса рекреација, мерка која ја воведе оваа Влада и досега ја искористиле 23000 пензионири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Дебело досие и дебели лаги: Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски


