| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ја имаме довербата на народот

“Доследни сме на ветувањата, секоја година најмалку по еднаш или  два пати ги посетуваме сите населени места во државата каде што имаме  отворени трибини со граѓаните.” – беа зборовите со кои Претседателот на
ВМРО-ДПМНЕ и Премиер на Република Македонија, г-дин Никола Груевски ја започна трибината пред граѓаните на Општина Струмица.

Зборувајќи за ставовите на опозицијата која вели дека луѓето се плашат и имало страв во Македонија, тој напомена дека тоа не е така и дека  на трибините на ВМРО-ДПМНЕ луѓето разговараат, критикуваат и даваат идеи. Тоа е директен контакт со граѓаните.

-Ние сме партија која држи до дадениот збор и не случајно ја имаме довербата во последните 7-8 години. Народот ни ја дава довербата затоа што реализираме се што ќе ветиме и повеќе од тоа. Не се истрчуваме како некои политички конкурнти. На пример Заев на гостувањето во вестите на МТВ вели дека минималната плата ќе била ако се они на власт 10 000 евра. Па толкава минимална плата нема ни во Германија, Франција, Америка. Тоа е нереалното ветување. Луѓето гледаат кои се нереалните ветувања и луѓето што ги даваат истите ги оценуваат како нереални луѓе-истакна Груевски за ветувањата кои се даваат пред граѓаните и за сериозноста на истите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ образложи за реформите направени од ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на стандардот на граѓаните и воедно направи споредба со реформите кои што ги СДСМ никогаш не ги оствари.

-Ние не сме ветиле дека ќе ги решиме сите проблеми. Невозможно е да се решат сите проблеми, тој што ви ветува дека ќе ви ги реши сите проблеми да знаете дека ве лаже. Но решивме многу проблеми и сеуште спроведуваме реформи за решавање на проблемите на граѓаните – рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

За намалувањето на невработеноста и подобрувањето на живтниот стандард на граѓаните, Груевски им рече на струмичани дека и покрај тоа што наследиле 38% невработеност кога ја превзеле власта и во време на светска економска криза, европска криза, власта успеа за 10 процентни поени да ја намалиме невработеноста.

-Во време кога во сите држави отпуштаа вработени, намалуваа плати и пензии, намалуваа субвенции,  ние вработувавме, зголемувавме плати и пензии, зголемувавме субвенции баш како што ветивме на земјоделците – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top