| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот директор на „Сју рајдер“ ослободен од обвинение за силување

Основниот суд Битола го ослободи од обвинение поранешниот директор на Домот за стари лица „Сју рајдер“ Благој Илиевски, од обвинението за евентуално силување на главната медицинска сестра на Домот, јави битолската телевизија „Тера“.
Според судот, Илиевски не го сторил делото за кое го обвинуваше медицинската сестра. Одлуката била донесена во понеделникот.
Пред почетокот на судскиот процес адвокатот на Илиевски рече дека се работи за измислен процес, кој ќе се обидат да го докажаме. И тужениот Благој Илиевски се појави пред новинрите со тврдење дека е невин и дека ќе го докаже тоа.
Поради обвинението за силување, Илиевски беше сменет.
Судот го ослободи Илиевски и за второто обвинети за поднесената пријава за злоупотреба на службената положба. Се работи за првостепена одлука на која незадоволната страна има право на жалба до повисокиот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top