Tоме Тасевски, косопственик на стоматолошката поликлиника „Ендомак“ во Скопје е добитник на наградата за најуспешен претприемач на мало претпријатие, а Ислам Рамизи, косопственик на градежната компанија „Монтеко“ е најдобриот претприемач на микро претпријатие во Македонија.
Наградата за најуспешните претприемачи во Македонија на мало и микро препријатие се доделува по седми пат, а целта е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери. Покровител и организатор е Министерството за економија, а главни организатори се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија. Коорганизатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.
Втората награда во категоријата мали претпријатија ја доби Горан Јошевски, менаџер на туристичката агенција ЈК Травел, додека второнаграден претприемач кај микро претпријатијата е Благоја Самакоски, сопственик на Институтот за современи композити и роботика од Прилеп.
Во двете категории, прво наградените претприемачи добија златни статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 50.000 денари, а второ наградените добија сребрени статуетки и ваучер во износ од 25.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија