| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко е за возење во Скопје и Петровец

magla-512x272

Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани и по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места. Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има во Скопје и Петровец.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ со потсетување за почитување на законската обврска за задолжително поседување зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Обврската започна од 15 ноември годинава, а ќе трае до 15 март, следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top