| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР: ветерот утре ќе ја растера маглата

magla

Ветерот ќе ја растера маглата и од утре би требало полесно да се дише, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија (УХМР). Оттаму најавуваат ветер, сонце и дожд во следните неколку дена со што ќе се расчисти маглата во Скопје.

Воедно од Министерството за животна средина најавија дека мерките за заштита од загадувањето кои Владата ги донесе престануваат од утре. Министерот на средбата со невладиниот сектор истакна дека доколку временските услови не се подобрат Министерството за животна средина ќе предложи порадикални мерки. Свој придонес во битката со загадувањето на воздухот имаше и невладиниот сектор, кој на денешната средба со Министерот за животна средина предложи итни решенија за намалување на загаденоста.

Според последните податоци од мерењата на Министерството за животна средина, воздухот останува најзагаден во Центар и Карпош. Денеска, покрај скопјани и тетовци се гушат во магла и смог поради загаденоста, која е неколку пати над дозволените граници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top