| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонец се запалил со синот бидејќи живеел раздвоен од него

pozar

Јапонец се запали себе си и својот деветгодишен син бидејќи живеел оделно со сопругата. Таткото починал, а момчето има тешки изгореници и се наоѓа во болница во бесознание и критична состоја, соопшти полицијата.

Четириесет и деветгодишниот татко го земал синот од училишниот бејзбол натпревар, по што себе и момчето се полеал со запаллива течност. Мажот им подлегнал на повредите во болница. Полицијата на игралиштето пронашла запалка и шише во кое веројатно имало керозин.

Во полициското соопштение се наведува дека мажот живеел разделен од сопругата и разговарале за развод.

Сличен инцидент синоќа се случил и во Њујорк, кога татко скокнал од 52. кат од еден облакодер со својот тригодишен син во прегратка. Во оваа несреќата починале и двајцата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top