| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Иванов е одговорен и доследен политичар

den na arm - ivanov  w

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, е одговорен и доследен политичар и како партија ги цениме неговите активности.  Претседателот на државата треба да е прифатлив за мнозинството граѓани и ние не гледаме на Претседателот преку етнички рамки, туку гледаме преку неговата улога во заштитата на државните и националните интереси – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека не се оптоварени со тоа кој кого ќе поддржи, туку важно им е да се почитува Уставот и државните интереси. Уставот посочува дека Претседател на Република Македонија се избира со мнозинство од 40% од вкупниот број граѓани гласачи.

-Односот на навредување на актуелниот Претседател на Република Македонија е демонстрирање на некултура, а имајќи го предвид фактот дека Претседателот е избран на легални и легитимни избори, навредата врз него е навреда спрема мнозинството граѓани што го поддржале на тие избори. Што се однесува до ставот на ДУИ, ние тој став го почитуваме, но апсолутно не значи дека тоа е и наш став и не значи дека за сите прашања, па и за ова, треба заеднички да настапиме или да имаме заеднички став. Ние се водиме од тоа што ние го сметаме за државен и национален интерес – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно Игор Ивановски на прес-конференција обвини дека „Иванов се додворувал за нов мандат кај шефот Груевски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top