| четврток, 6 декември 2018 |

Колку навистина е богат Зоран Заев?

 zaev pred vlada 4

Во вчерашните вечерни вести на МТВ лидерот на СДСМ, Зоран Заев, проговори и за својата имотна состојба, со што отвори низа прашања за вистинскиот имот со кој располага градоначалникот на Струмица – објави Курир.

zaev-anketen

Зборувајќи за својата имотна состојба, Зоран Заев истакна дека неговиот имот вреди од 60.000 до 80.000 евра.

 

– Тоа е моето семејство, мојот анкетен лист е реално достапен на јавноста. Мојот имот лично, заедно со возилата мои и на сопругата, вреди некои 60-70-80 илјади евра. Јас сум транспарентен политичар и реално она што со мојот работен век од некои 17 години го имам создадено и секако моето семејство – вели Заев во вчерашното гостување на МТВ.

pregled

Вредноста на имотот што Зоран Заев ја истакна во вчерашното излагање не е ни малку слична или блиску со вредноста во анкетниот лист кој го има доставено до Антикорупциската комисија. Зоран Заев во анкетниот лист пријавил вредност на имот во висина од 46.502.000 денари или 758.597 евра.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за време на митингот на владејачката партија во Струмица годинава говореше за тоа како семејството Заеви пред влезот на лидерот на СДСМ во политиката имало само неколку мали бизниси, а денеска во Струмица  не можат да се добројат нивните фирми.

 

– Пред влезот во политиката, некаде во 2002 година, неговото семејство можеше да се пофали со неколку мали бизниси, од типот на продавница за прехранбени производи, тулана и мала штедилница, а денес во Струмица некој ако почне да ги брои фирмите на кланот Заеви, не може да го заврши броењето – изјави премиерот Груевски на митингот во Струмица за време на локалните избори.

Останува нејасно дали Зоран Заев направи ненамерна грешка или сакаше да ја изманипулира јавноста и да се претстави како човек кој е дел од средната класа во Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top