Интересна фотографија со доза сатира објавија навивачите на Јувентус откако стана јасно дека „старата дама“ од Торино ќе ја заврши годината на првото место во Серија А. На фотографијата е прикажана Италија, со температура во местата од каде што се посилните прволигаши. Само во Торино има сонце. Во Милано е студено, со висока температура под нулата, што, всушност, ја објаснува бодовната разлика на Интер и Милан во однос на Јувентус.
Лидерот има 46 бода по 17 кола и го „заслужи“ сонцето, за разлика од Интер, кој е на минус 15, а Милан е на цели 26 во негатива во однос на Јувентус. Во Рим е нешто потопло бидејќи Рома заостанува само 5 бода во битката за титулата. Интересен начин за да се одрази доминацијата на Јувентус во италијанското првенство, кое продолжува на 5 јануари со мегадербито Јувентус – Рома во Торино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.