Непознат, облечен како ловџија, со ловџиска пушка и пиштол, ограбил 70.000 денари од селска продавница во Кумановско.
Според полицијата, вчера околу 21 часот, во село Карпош, Кумановско на улица „100“ во продавницата „Елида 3“ непознато маскирано лице со ловџиска пушка преку рамо и со закана со пиштол од вработените на касата одзел околу 70.000 денари дневен промет. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.